28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските вложувачи внимателни, доларот зајакна

Азиските вложувачи внимателни, доларот зајакна

berzi 44

На азиските пазари денеска се тргува претпазливо, додека американскиот долар дополнително зајакна бидејќи е сé поверојатно дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) за неколку месеци повторно ќе ги зголеми каматните стапки.

На токиската берза индексот Nikkei во понеделникот во претпладневното тргување беше во плус повеќе од 1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Сингапур и Хонгконг пораснаа меѓу 0,1 и 0,7 отсто. Во Јужна Кореја паданаа за 0,2 процента, па така индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, остана речиси непроменет во однос на затворањето на тргувањето во петокот.

Силниот раст на цените на акциите на берзата во Токио дојде благодарение на надежите на вложувачите дека јапонската влада ќе го одложи зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ), коешто го планираше во април следната година.

Бидејќи јапонската економија не е во најдобра кондиција, на што укажува и во понеделникот објавениот податок за падот на прометот во трговијата на мало во април за 0,8 отсто на годишно ниво, владата сигнализираше дека зголемувањето на данокот би можело да биде одложено барем за две години.

Покрај тоа, цените на акциите во Токио пораснаа благодарејќи на јакнењето на доларот во однос на јенот, што е позитивно за јапонските извозници, бидејќи поради тоа јакне ценовната конкурентноста на нивните производи на странските пазари.

Меѓутоа, на другите азиски берзи се тргува внимателно, бидејќи е сé поверојатно дека американската централна банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки. Во петокот, по низата гувернери на Fed, и претседателката Џенет Јелен изјави дека би било погодно каматите да бидат зголемени по некој месец, доколку растот на американската економија продолжи како што се очекува. Натамошното зголемува на каматите на Fed, по она од ланскиот декември, би ја намалило ликвидноста на пазарите на акции, додека во земјите во развој би ја зголемило цената на задолжувањето.

Поддршка на пазарите во понеделникот претпладнето не им даваат ниту цените на нафтата. Откако минатата седмица скокна за околу 3 отсто, на американскиот пазар сега е речиси непроменета, на 49,35 долари. На лондонскиот пазар, пак, барелот поевтини за 0,1 отсто, на 49,25 долари, откако мината седмица скокна за околу 1 отсто.

На валутните пазари продолжува подемот на американскиот долар, поттикнат од очекувањето дека Fed во јуни или јули ќе ги зголеми каматите. Во понеделникот претпладнето, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути најголеми трговски партнери на САД, порасна за 0,4 отсто, на 95,89 поени.

Притоа американската валута во однос на јапонската порасна за 0,5 отсто, на 111,03 отсто, највисокото ниво во последните триесетина дена. Американската валута порасна и во однос на европската за 0,1 процент, па цената на еврото се симна на 1,1104 долари, најниското ниво во два ипол месеца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП