19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо запирањето на транзитот на руски гас Словачка ќе загуби 700 милиони...

Со запирањето на транзитот на руски гас Словачка ќе загуби 700 милиони евра годишно

gas3888

Се очекува Словачка да губи по 700 милиони евра годишно, ако биде прекинат транзитот на руски гас преку нејзината мрежа. Ова ќе се случи, ако Русија го запре преносот на гас преку Украина и ја користи наставката на „Северен поток“ за испорака на гас во Европа, пишува рускиот весник „Правда“.

Ако транзитот преку Украина биде прекинат, моќноста на пренос преку гасната мрежа на Словачка ќе бидат минимално искористени, а најскапите операции за услуга и експлоатација на мрежата ќе доведат до зголемување на цената на гасот за корисниците.

Според изданието тоа е и причината Словачка да е против реализацијата на „Северен поток 2“. Овој проект ќе биде во интерес на Русија и Германија, но на штета на Украина и други земји од ЕУ, посочува уште „Правда“.

Во моментов меѓу приоритетните задачи на Братислава е да се задржи сегашната шема за транзит на руски гас во Европа – во Украина.

Реализацијата на екстензиите на „Северен поток“ се критикуваат остро од голем број држави во ЕУ, но и од Европската комисија. Комесарот за енергетика Мигуел Ариас Канете веќе предупреди дека проектот ќе ја наруши енергетската безбедност на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП