13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобротворен меѓународен базар, во сабота, во ГТЦ

Добротворен меѓународен базар, во сабота, во ГТЦ

bazar-dobrotvoren

„Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) и оваа година по шести пат ќе се вклучи во одбележување 1-ви јуни Меѓународниот ден за заштита на правата на детето.

Како и претходните години DMWC, заедно со амбасадите во Македонија, бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта, го организира DMWC Добротворниот меѓународен базар.

Почесен преседател на Базарот 2016 е Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Македонија, а главен покровител е град Скопје.

Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца од улица – Шуто Оризари.

Добротворниот базар ќе се случи на 4 јуни, сабота, во ГТЦ (приземје) Скопје со почеток во 11 часот. Базарот за отворен ќе го прогласат: Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на DMWC, Коце Трајановски – гардоначалник на Град Скопје иЧарлс Гарет – амбасадор на Велика Британија во Македонија и почесен претседател на Базарот за 2016 година.

Средствата од Базарот во 2015 година беа наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“– Капиштец, а од Базарот во 2014 беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златен Сремец“,Скопje. Во
2013 година парите заминаа кај децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром – Скопје, додека во 2012 година беа наменети за поддршка на децата во посебното основно училиште „Илинден“Скопје.

На програмата на базарот се и музичко-сценски настап на ученици од: Американско училиште (American School), Британска детска академија (Британска градинка), Дневен центар за деца од улица – Шуто Оризари, Француско меѓународно училиште, КУД Цветан Димов, Меѓународно училиште НОВА, Меѓународно училиште Кју – Ес – Ај (QSI), НВО Сумнал, Центар за модерни и спортски танци „Прима Данца“, лотарија, доделување на благодарници на учесниците и спонзорите.

Aмбасадите на Албанија, Бугарија, Велика Британија, Италија, Иран, Србија, САД, Кина, Словачка, Словенија, Турција, Франција, Црна Гора, Шпанија, Холандија и Катар ќе промовираат и продаваат производи и сувенири од нивните земји.

Во базарот се вклучени и ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа, Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), делегацијата на УНИЦЕФ, Скопје и делегацијате на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП