19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јуни прв мировен форум на HWPL во Македонија

Во јуни прв мировен форум на HWPL во Македонија

forum 336764'

Првиот мировен форум на јужнокорејската невладина организација „Небеска култура, светски мир“, (HWPL) во Македонија ќе се одржи на 21-ви јуни, беше одлучено на вториот состанок на македонскиот Комитет за заложби за мир минатата недела.

Предвидено е на форумот да има повеќе говорници, меѓу кои и правни експерти, религиски лидери и претставници на Комитетот, кои ќе го потенцираат значењето на Декларацијата за мир и ставање крај на војните (DPCW), документот кој беше подготвен од страна на HWPL и претседателот на оваа организација Ман Хи Ли, и кој досега во светски рамки собра над половина милион потписи.

Говорниците ќе го потенцираат значењето на овој документ за Македонија и за остантите балкански земји и на кој начин тој може да игра улога во помирувањето на балканските нации. Минатата недела, пак, односно на 26-ти мај повеќе од 300 илјади млади во Јужна Кореја и ширум светот ја одбележаа третата годишнина од Декларацијата за светски мир, првичниот документ од кој подоцна настана и DCPW.

Настанот беше одбележан и во Македонија, односно во Скопје и Гостивар. Додека во Скопје се одржуваше вториот состанок на Комитетот за заложби за мир, во Гостивар во организација на јужнокорејската организација „Меѓународна младинска група за мир“ (IPYG), која е дел од HWPL, се одржа промоција на кампањата „Озакони го мирот“.

Повеќе од 50 млади од меѓународниот Универзитет „Визион“ во Гостивар ја дадоа својата поддршка за Декларацијата за мир и ставање крај на војните и повикаа на нејзина што поскора имплементација. Кампањата „Озакони го мирот“ претставува глобално движење кое повикува на обединување на луѓето ширум светот во обид да им се стави крај на војните преку усвојување на меѓународен закон во согласност со DCPW. Се очекува Декларацијата до крајот на годината во светски рамки да собере над два милиони потписи. Декларацијата е достапна и онлајн за сите кои сакаат да ја дадат својата поддршка, а тоа можат да го направат на http://peacelaw.org/

„Сега е времето за младите во Македонија да станат дел од ова меѓународно движење. Мирот повеќе не е само сон. Потребно е сите да станеме дел од ова движење и станеме гласници на мирот на нашата генерација“, изјави претставничката на IPYG, Ерин Ли.

Ректорот на меѓународниот Универзитет „Визион“, Фадил Хоча, пак, порача дека оваа институција е горда што е дел од ова движење и повика на поддршка за иницијативата за мир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП