19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина вложува 725 милијарди долари во изградба на инфраструктурни објекти

Кина вложува 725 милијарди долари во изградба на инфраструктурни објекти

china-construction

4,7 илјади милијарди јуани (725 милијарди долари) ќе инвестираат властите во Кина во изградба на инфраструктура до 2020-та година. Тоа го објави државното радио во земјата, цитирано од руската новинска агенција „ТАСС“.

Со крупните проекти Владата ќе се обиде да се бори против сиромаштијата во земјата. Подобрувањето на пристапот и најсигурните форми на транспорт ќе им помогнат на луѓето да ја надминат сиромаштијата, сметаат властите во земјата.

Во плановите се вклучени изградба на регионални патишта, кои ќе претворат области во регионални центри во следните три години. Вкупно во плановите се вклучени повеќе од 300 проекти, станува јасно од публикацијата.

На крајот на минатата недела беа одобрени плановите за изградба на два големи патни проекти, додава „Ројтерс“. Станува збор за 134 километарски автопат во североисточната провинција Џилин и 362 километарската брза железничката траса што ќе ги поврзе провинциите Шанкси и Хенан.

Вредноста на двата проекта е 54,6 милијарди јуани (8,34 милијарди долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП