4 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKorean Air презема голем дел од CSA

Korean Air презема голем дел од CSA

avionii

Јужнокорејската авиокомпанија „Korean Air“, која е една од 20-те водечки во светот по превоз на патници, ја заврши трансакцијата за стекнување на 44 проценти од чешкиот државен авиопревозник „Czech Airlines“ (CSA).

На овој начин чешката авиокомпанија си најде инвеститор, а корејците ќе ја прошируваат својата мрежа од трансконтинеталните летови до Европа.

Со трансакцијата „Korean Air“ стануваат втор по големина акционер по државната „Czech Aeroholding“ (51.7 проценти удел), а оваа компанија беше и единствениот кандидат.

За стекнатиот удел Корејците платиле само 2.64 милиони евра, но треба да се има предвид дека „CSA“ има акумулирани долгови. Последниот годишен извештај е од 2011-та година и според него загубата била 241 милиони круни (9.34 милиони евра).

Од „Korean Air“ соопштуваат дека ќе ја користат Прага како еден од клучните пунктови за транзит при летовите кон европските дестинации, вклучувајќи ги Париз и Цирих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП