29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Брдо-Бриони“: Треба да се зголеми довербата меѓу земјите

„Брдо-Бриони“: Треба да се зголеми довербата меѓу земјите

брдо-бриони

Без стабилизација нема напредок, а иднината на сите процеси и односи во регионот зависи од подготвеноста на земјите од регионот да ги надминат разликите кои го одбележаа блиското минато и продолжуваат да ја оптоваруваат сегашноста, порача претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, на Самитот Брдо – Бриони процесот, што се одржува овие два дена во Сараево.

Според него, придружувањето кој Европската унија, сигурно ќе придонесе за консолидација и стабилизација на односите во регионот, но дека е неопходно да се изгради доверба меѓу земјите.

„Треба да разговараме за работите почесто, а не од самит на самит. Мора да го спречиме одливањето на мозоци, да ја унапредиме поврзаноста низ економска инфраструктура и да работиме на родова застапеност“, додаде Изетбеговиќ.

Рече дека учесниците на Самитот ќе останат посветени на визијата за Европа, а дека Македонија е следниот домаќин на Самитот „Брдо-Бриони“, во 2017 година.

„Согледувајќи го времето од минатиот состанок до денеска, мора да кажам дека сум загрижена со развојот на настаните кога станува збор за проширувањето на ЕУ. Добра вест е што Црна Гора доби покана за членство во НАТО, но исто така, сакам да видам напредок на Македонија и на БиХ на патот кон НАТО3, рече хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ.

Додаде дека во регионот недостига оптимизам, а дека земјите се склони кон самоизолација.

Македонскиот претседател ја реафирмира потребата од максимално посветување и свртување на државите кон регионот и соработка, особено во сферите на безбедноста и инфраструктурата. Имено, потребно е балканските земји да ги следат успешните модели на регионална соработка во Европа, како што се Вишеградската група, нордискиот и балтичкиот регион, смета Иванов.

„Брдо-­Бриони процесот“ е инициран од Словенија и Хрватска во 2013 година, со цел регионална соработка и решавање на отворени прашања. Сараево е четвртиот домаќин на лидерите на овој Процес. Првиот редовен состанок се одржа на Брдо, кај Крањ, на кој како специјален гостин присуствуваше францускиот претседател Франсоа Оланд. Вториот состанок се одржа во Дубровник, каде што присуствуваше и германската премиерка Ангела Меркел, додека третиот беше во Будва, со присуство на австрискиот претседател Хајнц Фишер.

Имаше и еден вонреден состанок на кој домаќин беше претседателката на Хрватска Грабар­ Китаровиќ, а специјален гостин американскиот потпретседател Џо Бајден.

По самитот во Дубровник почна Берлинскиот процес, она за што разговараа и се договараа претседателите на „Брдо Бриони процесот“ владите почнаа да го операционализираат. По Самитот на „Брдо Бриони“ во Будва, Берлинскиот процес продолжи со состанок на премиерите во Виена. Оваа година, по денешниот самит на претседателите во Сараево, Берлинскиот процес ќе продолжи со состанок на премиерите на земјите од „Брдо-Бриони“ во Париз.

По самитот следната годна во Република Македонија ќе продолжи со состанок на премиерите во Рим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП