27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААбе размислува за фискални стимуланси во вредност од 90 милијарди долари

Абе размислува за фискални стимуланси во вредност од 90 милијарди долари

abe38

Јапонскиот премиер Шинзо Абе планира да предложи пакет фискални стимулации во вредност од 10 илјади милијарди јени (90,7 милијарди долари), откако на самитот на Г-7 предупреди дека глобалната економија се соочува со голем ризик од нова криза, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на бизнис весникот „Nikkei“.

„Кога сакате да ја придвижите економијата и додека побарувачката во Азија е слаба, имате потреба од дополнителни јавни трошоци“, вели Мартин Шулц, виш економист во „Fujitsu Research Institute“ во Токио. „Бидејќи приватната потрошувачка не се забрзува, Владата сама треба да се справи со слабоста“, додава тој.

Абе најверојатно ќе го одложи зголемувањето на ДДВ-то, предвидено за април 2017-та година, а во петокот изјави дека ќе донесе одлука пред изборите за Горниот дом на парламентот во ова лето. Намерите на властите во Токио беа за зголемување на ДДВ-то од 8 на 10% и официјалното одложување се очекува да биде објавено во среда, кога пратениците заминуваат на одмор.

Тоа би било второ одложување, бидејќи првично зголемувањето требаше да влезе во сила во октомври 2015-та година. Претходно премиерот рече дека мерката ќе биде одложена, ако има голем шок во економијата, како земјотрес или криза слична на онаа во 2008-ма година.

По претходните даночни зголемувања економијата на Јапонија „скита“ меѓу раст и контракција, а потрошувачката остана слаба. Јапонската централна банка на чело со управителот Харухико Курода за потешкотијата да ја поттикне инфлацијата, се одлучи на рекордниот откуп на средства и негативната депозитна камата од јануари.

Потрошувачките цени со исклучок на оние на свежите прехранбени производи се намалија за 0,3 годишна база во април, откако паднаа исто со толку во март, покажаа податоците од петокот.

Јенот пак поскапе за 9% во однос на доларот во оваа година, загрозувајќи ја добивката на извознички, како „Toyota“ и натежнувајќи и на берзата. Широкиот индекс „Topix“ се намали за 13 отсто од почетокот на годината.

Ако биде воведен, пакетот стимулации ќе биде втор за оваа фискална година, која започна на 1-ви април. Овој месец беше одобрен дополнителен буџет во вредност од 778 милијарди јени за наплата по земјотресите од април, потсетува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП