24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот Иванов на состанокот на „Брдо-Бриони процесот“

Претседателот Иванов на состанокот на „Брдо-Бриони процесот“

ivco

Претседателот Ѓорге Иванов, во сабота и во недела, ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, каде ќе учествува на состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ и на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“.

Во сабота, во Сараево, претседателот Иванов ќе учествува на „Самит 100“, заедно со претседавачот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, Младен Иваниќ и Драган Човиќ, претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар- Китаровиќ, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани и претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

На годинешниот „Самит 100“, насловен „Нов договор за ново време“, ќе учествуваат и бизнис лидерите и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа, а главни теми на дискусија ќе бидат одржливото снабдување со енергија, моделот на циркуларна економија, брендирање на регионот, транспорт и инфраструктура, создавање работна сила на иднината и кластер на автомобилската индустрија. На „Самит 100“, претседателот Иванов ќе биде придружуван од министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф.

Во недела, во Сараево, претседателот Иванов ќе учествува на состанок на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“. На состанокот ќе учествуваат сите претседатели од регионов, а специјален гостин на состанокот е претседателот на Италија, Серџо Матарела.

На состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ во Сараево, претседателите ќе разговараат за актуелните состојби во регионот, евроинтеграциите и проширувањето на Европската унија, како и за унапредување на регионалната соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП