
Стапката на невработеност во Унгарија падна на 5,8 проценти, во периодот од февруари до април, покажуваат последните податоци на Централниот статистички завод на Унгарија.


Стапката на невработеност во Унгарија падна на 5,8 проценти, во периодот од февруари до април, покажуваат последните податоци на Централниот статистички завод на Унгарија.
Тоа е прв пат во историјата невработеноста да падне под 6 проценти. На врвот е и вработеноста, која во популацијата од 15 до 74 години старост изнесува 57 проценти.
Бројот на вработени во извештајниот период изнесувал 4,294 милиони, што е за 150.000 повеќе во однос на истиот период минатата година.
Во јавниот сектор биле вработени 215.000 работници, што претставува 5 проценти од вкупниот број на вработените.