20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Невработеноста достигна нов рекорд

Грција: Невработеноста достигна нов рекорд

grcijanevraboteni1

Стапката на невработеност во Грција во јануари оваа година достигна 27,2 проценти, објави агенцијата за статистика на Европската унија Еуростат.

Во декември невработеноста беше на ниво од 26,4 проценти, потсетуваат агенциите.

Во јануари е постигнат нов историски максимум на бројот на невработените во Грција, претходното рекордно високо ниво од 26,8 проценти беше забележано во октомври 2012 година.

Растот на невработеноста покажува влошување на финансиската криза во Грција и голема зависност на земјата од средствата на меѓународните кредитори.

Економската рецесија во Грција трае веќе шест години. Помошта која и беше дадена од страна на кредиторите во 2012 година, не ги реши проблемите со недостатокот на работни места.

Економските мерки за намалување на трошоците во јавниот сектор предизвикаа уште поголема невработеност. Притоа, зголемувањето на даночното оптеретување го комплицира работењето, што доведува до затварање на компании, укажуваат аналитичарите.

Грција моментално има најголема стапка на невработеност во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП