27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин за постепено укинување на санкциите против Русија во случај на брз...

Берлин за постепено укинување на санкциите против Русија во случај на брз напредок

г7-г7

Можно е постепено укинување на санкциите на Европската унија против Русија, доколку се оствари брз напредок во примената на Договорот од Минск за украинскиот конфликт, повтори во петокот германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамаер.

„Се надевам на остварување на напредок до крајот на јуни. Ќе видиме дали можеме постепено да ги намалуваме санкциите или ќе мораме да ги задржиме моменталните мерки. Доколку нема напредок, ќе биде потребна нова процена“, изјави шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер за новинарите во Талин. И додаде дека целта не е да се задржат санкциите туку да се реши судирот во Украина.

Овие изјави Штајнамаер ги даде и по посетите на Вилнус и Рига каде оцени дека во Европската унија постои отпор против продолжувањето на европските санкции против Русија.

„Ќе ни биде потешко отколку лани да најдеме заедничко решение за ова прашање“, рече Штајнамер.

Германија оценува дека продолжувањето на санкциите на Европската унија против Русија годинава ќе биде „потешко“ поради „поголемиот отпор“ од страна не некои земји членки

Санкциите на Европската унија, воведени под притисок на САД поради украинската криза, против Русија, кои се насочени кон банкарскиот и финансискиот сектор, одбраната и енергетиката, истекуваат во јули. За нивното продолжување е неопходна едногласна одлука за ова прашање за коешто европските челници ќе разговараат во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП