21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексот МБИ10 во негатива

Индексот МБИ10 во негатива

mak berza

На Македонската берза во петокот беа истргувани вкупно 15.238.267 денари, при што повеќе од 84 отсто од прометот беше резултат на тргувањето со акцијата на Комерцијална банка АД Скопје.

Конкретно со оваа хартија беа истргувани вкупно 5.705 акции по просечна цена од 2.250 денари.

Од останатите хартии од вредност ниту една не успеа да оствари промет поголем од милион денари, а најмногу се тргуваше со акциите на Скопски Пазар и ТТК банка кои остварија 759 илјади, односно 661 илјади денари респективно.

Берзанскиот индекс МБИ10 денеска падна за 0,25 отсто, додека ОМБ остана непроменет.

Листата на добитниците беше значајно помала од губитничката, а на врвот на добитничката листа со најголем раст завршија акциите на Топлификација АД Скопје од 2,87 проценти, како и Стопанска Банка АД Скопје приоритетни со пораст од 2,22 отсто.

На губитничката листа предводеа акциите на ЕМО Охрид со пад на просечната цена од 6,67 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП