3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФорд Фокус најпродаван во 2012-та

Форд Фокус најпродаван во 2012-та

forddd

Најпродаван модел на автомобил во 2012-та година беше Форд Фокус, соопшти управата на Форд потпирајќи се на листата која ја составила маркетинг компанијата Полк.

Минатата година моделот на Форд, Фокус беше продаден во 1.020.410 примероци и тоа благодарејќи на големата побарувачка во Кина, а автомобилот беше пласиран на пазарот во март 2012-та година. Секако тука неможе да се заборави и зголемениот раст на продажбата од 40 проценти во САД.

Втор најпродаван модел на автомобил е Тојота Корола, додека на третото место се најде уште еден модел на Форд, а тоа е пикапот од серијата Ф. Форд Фиеста е најпродаван автомобил за градско возење.

Продажбата на автомобили во минатата година повеќекратно се зголеми во однос на 2009-та година кога автомобилската индустрија имаше најлоши резултати по Втората Светска Војна.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП