4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБорисов: Подготвуваме европски центар за гас, ќе користиме и руски гас

Борисов: Подготвуваме европски центар за гас, ќе користиме и руски гас

Bulgarian parliamentary elections

Бугарија го подготвува европскиот дистрибутивен центар за гас „Балкан”, така што ќе користиме и руски гас, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов, запрашан околу тоа дали е можно повторното активирање на проектот „Јужен тек“, пренесуваат бугарските медиуми.

„Бугарија е лидер во својата дејност и тоа со многу труд, а кога се исполнети европските правила и диверсификацијата е загарантирана, а не затворена, тогаш има секакви варијанти“, рекол бугарскиот премиер.

Борисов соопштил дека наскоро околу оваа тема ќе разговара и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Ние го подготвуваме европскиот центар за гас „Балкан “, на тој начин што ќе може да користи и руски гас. Постојано го велиме тоа“, истакнал тој.

Бугарскиот премиер рекол дека за разлика од претходната влада, тој сака Европа да застане зад проектот, за да биде сигурен дека проектот нема да биде сопрен. На прашањето кога ќе почне изградбата на овој центар, Борисов изјавил дека уште треба да се разгледа рутата по која ќе биде изграден и дека „ќе започне да се гради во моментот кога ќе се најде политичко решение меѓу Европа и Русија”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП