6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Северен поток 2“ ќе чини 8 милијарди евра

„Северен поток 2“ ќе чини 8 милијарди евра

potok sever 333

Проширувањето на „Северен поток“ ќе чини 8 милијарди евра, пресмета финансискиот директор на проектната компанија „Nord Stream 2“ Пол Коркоран, цитиран од руската новинска агенција „ТАСС“.

За време на конгресот во Санкт Петербург, тој посочи дека буџетот на проектот е во рамките на 8 милијарди евра и се надева дека трошоците ќе се вклопуваат во него. 30% од финансирањето ќе биде обезбедено од акционерите во проектот, а остатокот од средствата – преку заеми од банки.

Коркоран е убеден дека нема да има проблем да бидат позајмувани средства за изградба на гасоводот по дното на Балтичкото Море.

Цената на гасот во новиот објект ќе биде конкурентна, дури и пониска од цената на суровината, која влегува во Европа преку Украина, дополни тој.

„Европа има потреба од поголеми количини на гас, проект во согласност со условите на пазарот во Унијата, макар и средба за познатата критика од страна на Брисел“, рече уште претставникот на „Nord Stream 2“.

Проектот за продолжување на „Северен поток“ предвидува изградба на уште две цевки по дното на Балтичкото Море со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно. Акционери во проектот се „Гаспром“ (со 50%) и „E.ON“, „BASF/Wintershall“, „Shell“, „OMV“ и „ENGIE“, од кои секоја држи удел од 10%.

„Северен поток 2“ веќе предизвика остри критики меѓу земјите од ЕУ. Комесарот за енергетика во ЕУ Мигел Ариас Канете веќе коментираше дека гасоводот нема да ја зголеми енергетската безбедност на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП