27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинансиската криза од 2008-ма влијаела на зголемениот број на умрени од рак

Финансиската криза од 2008-ма влијаела на зголемениот број на умрени од рак

rfre

Зголемениот број невработени и буџетските кастрења во здравствената сфера, кои следеа по финансиската криза од 2008 година придонеле за зголемување на смртноста кај лицата заболени од карциноми, а станува збор за повеќе од милион луѓе, покажува неодамна спроведеното истражување објавено во британското стручно списание Lancet.

„Поради последиците од економската криза којашто започна во 2008 година, од карцином се разболеле и од таа болест во земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) починале над 260.000 луѓе повеќе, а податокот се однесува периодот меѓу 2008 и 2010 година. Меѓу нив има 160.000 починати од оваа неизлечива болест во земјите членки на Европската унија“, се вели во споменатата студија.

На глобално ниво во истиот период од последиците на ракот починале 500.000 лица повеќе отколку што покажувале претходните статистики, изјавил за AFP докторот Махибен Мариутапу, од лондонскиот Империјал Колеџ кој го водел ова истражување.

„Ракот е главната причина за смртност во светот и клучно е да се направат обиди да се сфати на кој начин економските промени влијаат врз преживувањето од оваа тешка болест“, вели Марутапу.

Во текот на 2012 година од различните облици на рак во светот починале 8,2 милиони луѓе, покажуваат официјалните статистики.

„Во државите во коишто не постои социјално осигурување, пристапот до лекувањето често зависи од договорот за работниот однос. Доколку се невработени, на пациентите често предоцна им се дијагностицира тешката болест. Нивното лекување најчесто е многу лошо или е задоцнето“, вели професорот Рифат Атун од Универзитетот Харвард.

Невработеноста и буџетските кастрења во здравството особено ги погодуваат ментално лабилните лица. Специјализираното списание Lancet Psychiatry во февруари 2015 година објави дека секоја година во 63-те земји опфатени со истражувањето биле евидентирани 45.000 самоубиства на лица кои останале или не можеле да најдат работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП