23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботна средба на ФЗОМ со делегација на Фондот за задолжително здравствено осигурување...

Работна средба на ФЗОМ со делегација на Фондот за задолжително здравствено осигурување на Албанија

fzom sredba albanija

Законската регулатива, начинот на којшто се остваруваат правата од здравственото осигурување, особено македонскиот модел на стекнување на правото на ортопедски помагала беа во фокусот на работната средба на директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, др. Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани со директорката на Фондот за задолжително здравствено осигурување на Република Албанија, Вјолца Брахо.

Средбата се одржа на иницијатива на Фондот за задолжително здравствено осигурување на Република Албанија чии претставници изразија интерес да добијат подетален преглед и информации за реформите спроведени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

На средбата беше истакнато заемното задоволство од иницијативата за соработка помеѓу двата фонда, особено откако се потпиша Меѓународниот договор за социјално осигурување помеѓу двете земји и истиот се ратификуваше во Собранието на Република Македонија и Република Албанија. Стана збор и за модалитетите и механизмите за продлабочување на заедничката билатерална соработка во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП