26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна реконструкцијата на три моста на Усјанскиот канал

Почна реконструкцијата на три моста на Усјанскиот канал

усјански

Почна реконструкцијата на три моста на Усјанскиот канал во Горно Лисиче.

Првиот мост се наоѓа на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а другите два на улицата „Божин Николов“.

Мостовите ќе се реконструираат во должина од по 10 метри, а широчина од по 8 метри, вклучувајќи по две коловозни ленти и тротоари од двете страни, како и заштитна метална ограда.

Реконструкцијата на трите мостови, која се очекува да заврши за три месеца, целосно ќе се покрие од Буџетот на Општина Аеродром, за што се обезбедени средства во висина од 8 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП