18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрофитот на кинеската индустрија се зголемува во април

Профитот на кинеската индустрија се зголемува во април

eks333

Профитот на индустриските компании во Кина забележа раст со 4,2% во април во споредба со истиот период од минатата година до 502 милијарди јуани, иако растот се забавува значително во однос на оној во март, пишува „CNBC“.

Профитот се зголемува за 6,5% во првите четири месеци од годинава во однос на истиот период од претходната година, соопшти Националното статистичко биро.

Индустрискиот профит се зголемува со 7,4% во првиот квартал и со 11,1% во март, влевајќи надеж дека секторот конечно се опорави од долгиот пад, кој ја зафати втората најголема економија во светот.

Резервите на индустриските фирми се намалија за 1,2% на годишна основа во крајот на април, што претставува прв пад во последните години.

Статистиката ги опфаќа големите компании со годишен приход од повеќе од 20 милиони јуани од своите основни операции.

Државните компании во Кина забележаа пад на добивката во износ од 8,4% во периодот меѓу јануари и април, објавија во меѓувреме од Министерството за финансии.

Пекинг се обиде да го ограничи економскиот застој, откако ги охрабри трошоците за државни проекти, го прошири кредитирањето и ги олесни мерките во секторот на недвижниот имот, за да помогне во купувањето. Некои индикатори се подобрија во март, но аналитичарите предупредија дека е малку веројатно трендот да продолжи.

Во првите два месеци од годината добивката на кинеските индустриски компании се врати на раст. Профитот на компаниите од индустријата во јануари и февруари се зголеми за 4,8% во споредба со истиот период минатата година и достигна 780,7 милијарди јуани (119,8 милијарди долари).

Во декември 2015-та година беше регистриран пад од 4,7% на годишна основа, што беше седмото по ред месечно намалување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП