21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолнолетните граѓани од еврозоната би можеле да добијат подарок од 500 до...

Полнолетните граѓани од еврозоната би можеле да добијат подарок од 500 до 2.000 евра

evro2

Граѓаните на еврозоната би можеле наскоро да добијат од 500 до 2.000 евра кои би можеле да ги потрошат на што сакаат.

За ваквата акција размислуваат европските економисти со цел да ја поттикнат потрошувачката кај граѓаните.

Во Европската унија размислуваат за подарок од 500 до 2.000 евра кои би ги дале на секој полнолетен граѓанин на еврозоната. Целта на подарувањето би била поттикнување на потрошувачката, а граѓаните парите би можеле да ги потрошат буквално на што сакаат.

„Во кризата е добредојдена оваа мерка бидејќи таа ја поттикнува потрошувачката, побарувачката и на тој начин ја поттикнува економската активност. Тоа Европската унија го правеше за време на кризата. Ја поттикнуваше потрошувачката на своите прозиводи. Германија, Франција на пример на секој граѓанин му даваа по 500 евра за поттикнување на потрошувачката на домашни производи и услуги“, вели економскиот аналитичар Дамир Новотни.

Според мислењето на пратеничката Ивана Шукер од Хрватска повеќето граѓани со тие пари најверојатно би ги вратиле долговите.

„Некој можеби ќе купи нешто, но кога ќе ја погледнете структурата на стоки кои се наоѓаат на полиците, за жал повеќето од таа стока е од увоз и ние на таков начин директно би помогнале на некоја друга економија“, смета Шукер укажувајќи дека Хрватска од тоа повторно не би имала голема помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП