28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ7 не планира укинување на санкциите за Русија

Г7 не планира укинување на санкциите за Русија

sankcije-600x400

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денес дека групата Г7 не планира да ги повлече санкциите воведени кон Русија.

„За мене е сеуште прерано да се зборува за укинувањето на санкциите. Не се очекува промена на ставот на Г7“, истакна Меркел на маргините на самиотот на Г7 во Јапонија.

Претходно претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека е неопходно Г7 да заземе „јасен и остар став“ кон Русија, како и кон Кина поради нејзините контроверзни претставувања на правата за територијата во Јужнокорејското море.

„Тестирањето на нашиот кредибилитет како Г7 е наша способност да ги браниме заедничките вредности. Тој тест ќе го пројдеме само ако заземеме јасен и остар став кон секоја тема за која разговараме“, изјави Туск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП