3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle со последователен пораз од Google

Oracle со последователен пораз од Google

Google-vs-Oracle

Американскиот технолошки концерн „Google“ освои последователна битка од патентата војна за користењето на т.н. „Java-API“ за кое „Oracle“ тврди дека е нелегален и инсистира за компензација во износ од 9 милијарди долари, пренесува „Bloomberg“.

Поротниците во федералниот суд во Сан Франциско во четвртокот го отфрлија овој аргумент, откако го ослободија „Google“ дека го користи правото за „фер употреба“ на кодот на законот за авторски права. Според нив „Google“ не ги прекршил авторските права на „Oracle“ за кодот „Java“, со кој е развиен „Android“ – оперативниот систем кој се користи од 80 проценти од мобилните уреди во светот.

За компанијата од „Сани Вејл“ тоа е важна победа, а „Oracle“ е разочарана, но ќе ја обжали одлуката на горна инстанца. Според „Oracle“, „Google“ ископирал 11.500 реда програмски код од „Java“, кој е подлежен на патентирање. Според интернет компанијата сепак предметниот код секогаш бил слободен за користење.

„Ние сме сметаме дека „Google“ го има развиено „Android“ со нелегално копирање на основната технологија на „Java“, за да се стави брзо на мобилниот пазар“, појаснува адвокатот на „Oracle“ Доријан Дали.

Портпаролот на „Google“ појасни дека тоа „е победа за екоосистемот на „Android“, заедницата на „Java“ и софтверските програмери кои ќе можат да развиваат отворени и бесплатни програмски јазици за иновативни производи“.

Ова е втор пат во кој тоа дело доаѓа до суд. Спорот започна во 2010-та година, откако софтверскиот концерн ги придоби правата над „Java“ при договорот за стекнување на „Sun Microsystems“.

Во 2012-та година претходната порота пресуди дека „Google“ ги прекршил авторските права на „Oracle“, но не најде решение за тоа дали употребата на „Java“ е оправдана согласно правната доктрина за фер употреба. Врховниот суд на САД одби минатата година да интервенира во случајот, оставајќи го предметот во рацете на федералниот апелационен суд. Според него при јазикот „Java“ станува збор за авторски права, на тој начин сцената беше подготвена за нов процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП