19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот над 8 милиони луѓе работат во секторот на зелена енергија

Во светот над 8 милиони луѓе работат во секторот на зелена енергија

Future-Energy-Workers

8,1 милиони луѓе работеле во секторот на зелена енергија во светот во 2015-та година. За споредба, на крајот на 2014 година вработените во овој сектор биле 7,7 милиони.

Најголем дел од нив – над 3,5 милиони луѓе работат во Кина, а на второ место на листата останува друга растечка економија – Бразил со 918.000 работни места, главно поради течните биогорива.

САД се трети со 769 илјади лица вработени во секторот на зелената енергија, а интересен е фактот дека во 2015-та година за првпат вработените во овој сектор биле повеќе од вработените со производството на нафта и гас, како и во секторот на јаглен.

Вработеноста во секторот на зелена енергија се зголеми 12 пати побрзо во однос на растот во вработувањето во американската економија во целина. Поевтинувањето на нафтата од средината на 2014-та година, сепак беше превентивен тренд, така што ги прави алтернативните горива, како биогоривата, помалку атрактивни од економска гледна точка.

Кина има инсталирано најмногу нови капацитети за производство на зелена енергија во 2015-та година – 65 гигаватчасови. Вработените во секторот во земјата пак се со 35% повеќе во однос на вработените во секторот за производство на нафта и гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП