23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне прекин на сообраќајот кај Пресека

Попладне прекин на сообраќајот кај Пресека

soobrakajotkja

Сообраќајот на сите патните правци низ целата држава се одвива без забрани и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради изведување градежни работи на пат (минирање), во петок во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека. Прекинот трае од 13 до 15ч. во времетраење од 15 до 20 минути.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП