22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен на блок трансакции на Македонска берза

Ден на блок трансакции на Македонска берза

makedonska-berza

Трговски ден во четвртокот Македонската берза заврши со вкупен промет од солидни 54 милиони денари реализирани преку 31 трансакција.

Денот го одбележаа блок трансакции со акциите на Скопски Пазар АД Скопје и Комерцијална Банка АД Скопје. Вкупно беше истргувано количество од 313 акции на Скопски Пазар АД Скопје по цена од 9.036 денари. Вкупен промет на трансакцијата изнесуваше 2,8 милиони денари.

Вториот блок со акциите на Комерцијална Банка АД Скопје донесе промет од над милион денари.

Најголем раст на вредноста од 271,17 отсто со истргувани 5.524 акции по просечна цена од 2.227 денари забележа акцијата на Пелагонија АД Струмица, а по неа следеа акциите на ФЗЦ 11 Октомври Куманово со раст од 5,26 проценти.

Наспроти нив најголем пад од (-6,62%) бележеше акцијата на Топлификација АД Скопје со просечна цена од 552 денари за акција и истргувана количина од 20 акции.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со незначителна промена, пад од 0,09 проценти, и изнесуваше 1.732,19 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП