19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Јужните енергетски рути остануваат на агендата

Путин: Јужните енергетски рути остануваат на агендата

tok-severen-juzen

Прашањето за јужните правци за испорака на енергенси од Русија во земјите на Европската унија останува во агендата, пишува меѓу другото во написот на рускиот претседател Владимир Путин објавен во грчкиот весник Катимерини во четвртокот.

„Од 2006 година рускиот енергетски гигант „Газпром“ активно го промовираше проектот Јужен тек, но сепак во одредена етапа неговото спроведување беше оневозможено имајќи го предвид неконструктивниот став на Европската комисија“, пишува Путин и додава дека и покрај тоа што „ние бевме принуден да го затвориме проектот, прашањето за јужните рути за испораката на нашите енергенси во државите од ЕУ останува на дневниот ред“.

Во својата статија рускиот претседател истакнува дека Русија „постојано се залагаше за диферзификација на енергетските транспортни патишта, што ќе ја зголеми сигурноста на снабдувањето и, следствено, енергетската сигурност на Европа како целина“. Путин одбележува дека соработката со Грција во сферата на енергетиката е еден од поважните елементи во „повеќеслојните руско-грчки односи“. Напомнува дека веќе две децении Русија стабилно и сигурно ја снабдува Грција со природен гас, а сегашниот договор со Атина е продолжен до 2026 година со поволни услови за грчката страна.

„Запознаени сме со намерите на грчките власти да ја направат земјата енергетски јазол во регионот на Балканот, и ние секогаш ја вклучувавме Грција во плановите за зголемената понуда на енергенси во Централна и Западна Европа“, додава рускиот претседател.

Покрај тоа, Путин укажува во статијата дека во февруари „Газпром“ потпиша меморандум за разбирање со италијанската компанија „Edison SpA“ и со грчката „DEPA SA“ за испораки на природен гас од Русија по дното на Црното Море преку трети земји во Грција и во Италија.

Русија, исто така, би можела да придонесе и за оптимизација на грчката транспортна инфраструктура, пишува уште Путин. Станува збор за учество на руски бизнис структури на претстојните грчки тендери за продажба на имотите на железничките компании, објекти во солунското пристаниште…. .

Путин на 1-ви декември 2014 година објави дека поради заострувањето на односите на релација ЕУ-Русија нема да се реализира проектот Јужен тек во кој беше вклучена и Македонија, иако во неговата реализација беше вклучена и италијанската компанија Eni. Проектот за гасоводот беше проценет на 15,5 милијарди евра и предвидуваше доставување на природниот гас до јужна Европа, со заобиколување на Украина, во обем од 67 милијарди кубни метри гас на годишно ниво, а за негов јазол беше предвидена Бугарија.

Подоцна Москва започна преговори и потпиша низа договори со Анкара за ткн Турски тек, со истиот капацитет, кој поради избегнувањето на европските прописи претпоставуваше продажна на гасот на Турција, а главниот хаб да биде на турско-грчката граница, и секоја земја подоцна посебно да го планира своето приклучување. Но поради крајното заострување на руско-турските односи , се чини дека и овој проект засега нема перспектива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП