4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампањата „Право на младинско информирање..“ во посета на Општина Прилеп

Кампањата „Право на младинско информирање..“ во посета на Општина Прилеп

sega-mladi

Претставници од Младински информативен и Советодавен центар Инфо Сега, ја посетија во четвртокот Општина Прилеп, при што младите го информираа градоначалникот Марјан Ристески постојани активности во рамки на кампањата „Право на младинско информирање, Информирај Се СЕГА!”.

Градоначалникот Ристески посакувајќи им добредојде, ги запозна со тековните активности, настаните како и со проектите кои се во процес на реализација од страна на општина Прилеп.

Земајќи го предвид фактот дека младинското инфрмирање е неопходно и е предуслов за еднаков пристап до навремени и точни информации, претставниците го запознаа градоначалникот дека одлучиле да ја креираат националната кампања „Право на младинско информирање – Информирање СЕГА!“ чија основна цел е младите луѓе да разберат дека имаат право на информации, промоција на Младинските информативни центри во Република Македонија, како и подигнување на свеста на носителите на одлуки за гарантирање на правото на младинско информирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП