10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Нема да се сруши светот ако Британците заминат

Шојбле: Нема да се сруши светот ако Британците заминат

шоби

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди дека Британија ќе го претрпи најголемиот удар доколку британските гласачи се одлучат за излез од ЕУ.

Шојбле пред новинарите изјави дека е невозможно да се прецизира што би се случило среднорочно и долгорочно во случај да се зголеми бројот на гласови во корист на напуштањето на Унијата, но истакна дека таквиот резултат ќе и нанесе огромна штетна на Европа, пренесува АП.

Според неговите зборови, гласањето за излез на Британија од ЕУ би можело да и наштети и на глобалната економија.

„Но, мислам дека тоа најмногу ќе се одрази на Британците и затоа Британците мораат да донесат одлука“, порача германскиот министер за финансии, додавајќи дека „Нема да се сруши светот после британскиот референдум“.

„Ќе продолжи да се врти, ќе видиме што ќе се случува понатаму и ќе ја почитуваме нивната одлука“, изјави Шојбле, кој сепак порача „Внатре е внатре, а надвор е надвор“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП