Велика Британија поради воведувањето на санкциите на Русија претрпе штета од околу 10 милијарди долари во текот на 2015 година, изјави сектaретарот на Амбасадата на Русија во таа земја Константин Шликов.
Кога станува збор за вкупната трговска размена, во текот на минатата година таа е намалена за 50 проценти во споредба со претходната, а таа сума изнесува околу 10 милијарди долари, изјави тој.
Западните земји против Русија воведоа три пакети на санкции, едните се однесуваат на одделни граѓани на Русија за кои ЕУ смета дека се одговорни за нарушување на територијалниот суверенитет на Украина, потоа економски санкции, како и санкции против Крим.
Како одговор, Русија го блокираше увозот на прехрамбени производи од земјите кои и воведоа санкции.