6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата првпат по повеќе од шест месеци над 50 долари за барел

Нафтата првпат по повеќе од шест месеци над 50 долари за барел

nafta ee88

Цените на нафтата на светските пазари продолжуваат да растат на меѓународните пазари во четвртокот утрото, а нафтата на марката Brent првпат од 4-ти ноември 2015 година ја надмина психолошката бариера од 50 долари за барел, поткрепени од податоците од САД.

Во четвртокот утрото цената на јулските испораки на севрноморската мешавина од марката Brent на лондонскиот пазар порасна за 0,28 отсто во однос на затворањето на тргувањето во средата, на 50,02 долари за барел. Цената на барелот нафта од марката WTI за испораките во јули, пак, на американскиот пазар скокна за 0,56 отсто во однос на претходниот ден, на 49,84 долари.

Цените на нафтата добиваат поттик последните денови од податоците од САД за комерцијалните залихи во САД, со исклучок на стратешките резерви, за минатата седмица заклучно со 20-ти мај. Американскиот институт за нафта (API) објави за остриот пад на резервите во САД минатата седмица, за 5,1 милион барели. Тоа е двојно повеќе отколку што очекуваа аналитичарите – 2,45 милиони барели. Покрај тоа, минатата седмица и испораките на нафта во САД се намалиле за 0,27 отсто или за 24.000 барели дневно, на 8,767 милиони барели на дневно ниво.

Аналитичарите, исто така, како фактор во моменталниот раст на цените на нафтата го посочуваат намалувањето на резервите нафта во најголемиот американски терминал во Кушинг за 0,7 милиони барели, на 67,6 милиони барели. Залихите од бензини притоа, се зголемиле за два милиона барели, Аналитичарите, напротив, очекуваа намалување на овој показател за 1,067 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП