4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоедноставно и поевтино учество на компаниите во постапките за јавни набавки

Поедноставно и поевтино учество на компаниите во постапките за јавни набавки

e-javni-nabavki

Бирото за јавни набавки и Централниот регистар на Република Македонија денес овозможија нова услуга преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), која на компаниите ќе им заштеди време и средства.

Проектот „Тендерско досие”, кој двете институции го реализираа во изминатиот период и е дел од програмата на Владата на Република Македонија 2014-2018 година, им овозможува на компаниите да ги набават потребните документи што ги издава Централниот регистар за учество во постапките за јавни набавки со електронска нарачка преку ЕСЈН.

Наместо, како до сега, економските оператори да ги обезбедуваат потребните документи за докажување на нивната способност од Централниот регистар преку нарачка на секој документ поединечно и сами да ги прикачуваат на ЕСЈН, тие ќе имаат пристап до овие документи со самата регистрација на ЕСЈН.

Централниот регистар оформи неколку пакети на документи, со можност за автоматско обновување на истите во рок од една година, чија цена е пониска од редовната цена за нарачка на секој документ поединечно за околу 15 отсто.

Оваа нова услуга овозможува значително олеснување на учеството на компаниите во постапките за јавни набавки, зголемување на интегритетот и зајакнување на транспарентноста на процесот.

Бирото за јавни набавки и Централниот регистар се поврзуваат преку веб-сервиси, при што гарантираат за безбедноста на самиот процес и за валидноста на новите документи во електронска форма, кои автоматски ќе се ажурираат на пократок временски интервал, така што самите информации за фирмите ќе бидат поажурни во однос на моменталните процеси. За економските оператори, целиот процес на подготовка на понудите ќе биде значително олеснет во поглед на прибирањето на придружната документација која треба да се поднесе заедно со понудата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП