8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBloomberg: Русија со продажбата на еврообврзниците го намалува притисокот од Западот

Bloomberg: Русија со продажбата на еврообврзниците го намалува притисокот од Западот

berza 3422256

Понудата на Русија на еврообврзниците претставува важен чекор во надминувањето на невидениот економски притисок од страна на САД и Европската унија, оценува американската агенција Bloomberg.

Првата од 2013 година продажба на руските еврообврзници не претставува голем чекор во покривањето на буџетскиот дефицит, создаден со големиот и долготраен пад на цените на нафтата на меѓународните пазари и економските санкции наметната од Западот поради наводната вмешаност на Москва во украинската криза, но претставува симболична победа за Русија, се оценува во освртот на Bloomberg.

Поголемиот дел од купувачите на руските хартии од вредност биле странски инвеститори. Агенцијата предвидува и дека Русија може кон крајот од годинава да разгледа и дополнително нудење на еврообврзниците, бидејќи буџетот годинава овозможува нивна продажба во износ од три милијарди американски долари.

И покрај тоа што суверените еврообврзници не се предмет на санкциите, западните банки и компании се соочуваат со сериозен притисок од американскиот Стејт департмент и европските владини структури. А тоа го принуди руското министерство за финансии да се откаже од услугите на меѓународните системи за порамнување Euroclear и Clearstream.

„Во суштина се судривме со телефонско право, кога од Стејт департментот, од американската администрација со повик се утврдува за инвеститорите или институции, кои се вклучени во порамнувањата, дали да учествуваат или не. Интересна конструкција…“, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

Русија во средата понуди на продажна десетгодишни еврообврзници во вредност од 1,7 милијарди долари по 4,75 отсто на годишно ниво, а притоа повеќе од 70 проценти минаа во рацете на странски вложувачи.

Вкупната побарувачка на руските хартии од вредност изнесува околу 7 милијарди долари, но руското министерство за финансии смета да понуди во 2016 година еврообврзници во вкупен износ од 3 милијарди долари, односно сума колку што е определена со законот за националниот буџет. Така, до крајот на годината Москва може да ги понуди хартиите од вредност во преостанатиот износ од 1,25 милијарди долари, соопштија од одделот за долгови на руското министерство за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП