19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Негорски бањи АД лидер на денот

Акцијата на Негорски бањи АД лидер на денот

mak berza

Вкупниот промет на Македонската берза на хартии од вредност во средата беше нешто повисок во однос на вообичаениот промет на МСЕ и изнесуваше речиси 11,3 милиони денари, благодарение на три трансакции со кои се оствари промет од над девет милиони денари.

Конкретно, со акцијата на Негорски бањи АД од Негорци се иструваа 2,1 отсто од вкупниот број акции или 2.100 акции по просечна цена од 4.320 денари и вкупна вредност од 9.072 милиони денари. Оваа трансакција опфати околу 80 отсто од вкупниот промет.

Раст на вредноста остварија само акците на Стопанска банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје и тоа за 1,73 проценти, односно 0,07 отсто. На губитничката листа предводеа акциите на Негорски вањи кои имаа пад поголем од 41 отсто.

За обврзниците имаше мала заинтересираност кај инвеститорите, па така со нив беше остварен промет од само 16,382 илјади денари преку обврзницата од тринасеттата емисија.

Индексот МБИ-10 продолжи со пад на вредноста, и тоа во средата за дополнителни 0,14 отсто и 1.733,83 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП