18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстриот пад на залихите во САД ги крена цените на нафтата над...

Остриот пад на залихите во САД ги крена цените на нафтата над 49 долари

nafta 4839

Цените на нафтата ја пречекорија на меѓународните пазари во средата бариерата од 49 долари за барел, поткрепени од остриот пад на залихите во САД кој ги поддржа очекувањата за намалувањето на снабдувањето.

На лондонскиот пазар цената на барелот скокна за 59 центи во однос на затворањето на тргувањето во вторникот и изнесуваше 49,20 долари за барел. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 52 центи повисока цена од претходниот ден, односно од 49,14 долари за барел.

Поради низата прекини во снабдувањето ширум светот, вклучително и во Канада и Нигерија, снабдувањето во мај е намалено речиси за четири милиони барели дневно. Со тоа е ублажен проблемот со вишокот кој веќе подолг период ги притиска пазарите.

Штрајкот во француските рафинерии засега не влијае врз цените на сировата нафта, туку само на рафинериските маржи за дизелите и бензините.

Учесниците на нафтените пазари дополнително беа охрабрени од неочекуваниот податок на Американскиот институт за нафта (API) за остриот пад на резервите во САД минатата седмица, за 5,1 милион барели. Тоа е двојно повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.

„Дефинитивно излегуваме од состојбата на вишок во понудата во кој сме од средината на 2014-та. Ќе го бележиме уште извесен период, можеби околу шест месеци, но тогаш во основа на ред е урамнотежувањето на пазарот“, заклучува Бјерни Шиелдроп од SEB.

„Акциите ослабеа овој месец, особено на пазарите во формирање, а нафтата сепак расте, што значи дека зад тоа дефинитивно стојат темелните фактори, а не одек од пазарите на акциите и валутите“, додава Шиелдроп.

Вниманието на инвеститорите сега се насочува кон официјалните податоци од САД за резервите, поради потврдувањето на трендот од извештајот на API.

Засебно Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на своите интернет страници објави дека референтната цена на барел кошница нафта во вторникот изнесувала 44,02 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП