26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот на ново највисоко ниво во последните два месеца

Доларот на ново највисоко ниво во последните два месеца

dolari-ilustracija

Американскиот долар на меѓународните девизни пазари во средата го забележа новото највисоко ниво во последните два месеца во однос на кошницата од шесте најважни валути, на земјите најголеми трговски партнери на САД, поткрепен од очекувањата за скорешен раст на американските каматни стапки, додека еврото доби поддршка од веста за напредокот во преговорите со Грција.

Индексот на доларот кој ја мери вредноста на американската валута кон кошничката валути, во еден момент од тргувањето во средата достигна 95,661 поен, највисокото ниво од крајот на март, за во подоцнежното тргување да се стабилизира на 95,563 поени, што значи дека горе-долу останал на нивото од затворањето на тргувањето во вторникот. Во мај овој индекс се зголеми за речиси три отсто, а неговиот подем следеше по добрите вести од американскиот градежен сектор и најновиот скок на цените на нафтата на светските пазари.

Британската фунта ослаби за благи 0,2 отсто во однос на доларот, лизнувајќи се на 1,4608 долари, откако најновите британски анкети покажаа подеднаква застапеноста на заговорниците и поборниците за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Еврото во таквите околности зајакна во однос на доларот за 0,15 отсто, на 1,1152 долари. Со тоа отскокна од најниското ниво во последните десет дена од 1,1133 долари, на коешто се лизна во вторникот. Европската валута беше во добивка и во однос на јапонската и на британската по најновите вести поврзани со Грција.

Имено, министрите за финансии од земјите членки на еврозната по долготрајни преговори во средата рано утрото дадоа „зелено светло“ за траншата од 10,3 милијарди евра од новиот трет пакет странска финансиска помош за Грција, во вкупен износ од над 86 милијарди евра.

„Грчките должнички проблеми не се најголемата грижа, но се чувствува олеснување по постигнатиот договор, па еврото малку поддршка црпеше и од тие вести. Најголемиот фокус на валутните пазари останува, сепак, американската централна банка Fed (Federal Reserve) и очекувањата за растот на тамошните каматни стапки“, вели за Reuters Нилс Кристенсен, валутен аналитичар во банката „Nordea“.

Добрите вести од американскиот сектор за градење станови го поткрепија записникот од последната седница на челниците на Fed, објавен минатата седмица, од кој може да се насети дека каматните стапки во САД, доколку економијата биде доволно силна, наскоро може да бидат подигнати.

За новите насоки инвеститорите внимателно ќе ја следат новата низа американски економски показатели, вклучително и процените за растот на економијата во првиот квартал од годинава чиешто објавување е најавено за петок. Истиот ден во центарот на нивното внимание ќе биде и настапот на претседателката на Fed, Џенет Јелен на Универзитетот Хаарвард.

Во петокот, исто така, ќе заврши и самитот на групата седум најразвиени земји Г7 во Токио, по што пазарите вниманието ќе го почнат да го насочуваат кон мерките на јапонската влада за да дознаат дали ќе се одложи планираното зголемување на даноците на потрошувачка и дали ќе се применат фискални мерки за поттикнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП