4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Кисела Вода ги награди најталентираните од манифестацијата „Јас сум талент во...

Општина Кисела Вода ги награди најталентираните од манифестацијата „Јас сум талент во моето училиште”

кисела-во

По шести пат, во државното училите за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, со поддршка од скопската општина Кисела Вода, во средата се одржа манифестацијата „Јас сум талент во моето училиште“, којашто ги опфаќа учениците од „,Димитар Влахов“‘, „Партенија Зографски“, „Д-р Златен Сремац”, но и од сите основни училишта на територијата на општината.

Ученицие се претставија со музички точки, балетски точки, свиреа на музички инструменти, секој во она што е најдобар, покажувајќи го својот талент, креативност и посветена работа, едновремено промовирајќи ја идејата за зближување на луѓето без оглед на нивните разлики.

Директорот на ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, Горанчо Јакимов им се заблагодари на сите училишта кои се одзваа на поканата да бидат дел од манифестацијата и ја истакна благодарноста до градоначалникот на општина Кисела Вода за континуираната соработка. Потенцираше дека поддршката што ја добива е показател дека се работи за локална самоуправа која секогаш ги промовира еднаквите можности за секој поединец и се заблагодари што и годинава, Кисела Вода ги обезбеди паричните награди за првите три места.

Жирито во состав Зоран Џорлев и Светлана и Мики Црнокрак, едногласно одлучи првото место да му припадне на Денис Димитров од „,Димитар Влахов‘‘, второто место да го освојат учениците од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу” , додека третото место им припадна на танчарите од „Партенија Зографски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП