4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен огласот за предквалификација за изградба на втората фаза пругата на Bељаковци...

Објавен огласот за предквалификација за изградба на втората фаза пругата на Bељаковци – Kрива Паланка

ebrd 3355

Поканата за предквалификација за изградба на железничкиот коридор 8 – фаза 2 од Бељаковци до Крива Паланка е објавена на веб страната на ЕБРД, а ќе трае до 07.07.2016 година.

Поканата се однесува за сите фирми, компании и здружувања од сите земји, односно има  меѓународен карактер.

Се работи за изградба на втората делница Бељаковци – Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Р.Бугарија со вкупна должина на главни колосеци од 34 км. и 5,5 км. станични колосеци. Се предвидува на оваа делница да има две железнички станици во Кратово и Гиновци и три стојалишта во Шопско рударе, Крилатице и Псача.

Фирмата Обермаер од Австрија го изработи главниот проект со кој се предвидени земјени работи околу 1.260.000м3, колосеци во должина од 39.5 километри, 29 моста со должина од 4,6 километри, шест надвозника, три подвозника, 15 тунели со вкупна должина од 3,5 километри, 130 пропуста, 33 потпорни зидови, 10 перони, пристапни патишта во должина од 10,2 километри. и друго.

Целата делница ке биде опремена со најсовремени телекомуникациски и сигнални врски со што безбедноста во сообракајот би била на највисоко ниво. Се очекува фирмата која ке ја добие изградбата на оваа делница да ја изврши работата за 40 месеци.

Финансиските средства за изградбата се обезбедени како кредит од ЕБРД во висина од 145 милиони евра. Доколку работите за избор на најповолен понудувач за изградба се одвива согласно предвидениот план почетокот на изградбата на оваа делница би била пред крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП