22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција почна да ги црпи резервите горива, полицијата ги разбива барикадите

Франција почна да ги црпи резервите горива, полицијата ги разбива барикадите

protest 3399

Франција започна да ги троши своите стратешки резерви од нафтени деривати, соочувајќи се со проблемот за снабдување со горива поради социјалните немири, објави во средата Францускиот сојуз на нафтената индустрија, а полицијата со водени топови започна да ги растерува демонстрантите коишто ги блокираат магацините во близина на границата со Белгија, надоврзувајќи се на веќе тековните штрајкови против новиот закон за труд и нуклеарните централи.

„Веќе два дена, имајќи предвид дека имаше проблеми во функционирањето на рафинериите, блокадите на магацините, започнавме во соработка со власите да ги користиме стратешките резерви“, изјави претседателот на Францускиот сојуз на нафтената индустрија, Франсоа Дусез.

Шест од осум француски рафинерии работат забавено или воопшто не функционираат, магацините со горива се блокирани од штрајкувачите и демонстрантите против реформата на законот за труд, кој е оценет како премногу либерален, им дава големи права на работодавачите и ги намалува на работниците. Се проценува дека околу четири илјади бензински црпки низ земјата до средата ги потрошиле своите резерви.

„Ситуацијата е напната. Ги полниме нашите резервоари од предострожност, бидејќи стравуваме, а потрошувачката е зголемена за три па и за пет пати во некои зони. Не сме опремени за такво нешто на логистичко ниво“, признава Дисез.

Портпаролот на владата, Стефан Ле Фол, потврди во средата дека „државата и владата ќе сторат сé што е потребно да ослободат извесен број од тие рафинерии или складишта за да го гарантира снабдувањето на Французите“.

Полицијата подоцна се обиде да ги растури блокадите во Души-ле-Мине во северна Франција.

„„Полицијата реагираше на препад. Користеа водени топови. Ја растурија нашата блокада, складиштето беше деблокирано без конфронтација“, изјави Вили Данс, портпарол на локалната филијала на синдикатот SUD.

Националниот синдикат CGT повика на 24-часовен штрајк кај нуклеарната централа Ножен-сур-Сен, југоисточно од главниот град Париз, кој треба да започне во средата навечер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП