22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина ќе добие нова транша финансиска помош

Атина ќе добие нова транша финансиска помош

grece33

Министрите за финансии од еврозоната постигнаа договор кој го овозможува пристапот на Грција до новата транша од спасувачка финансиска помош, соопштија дипломати.

По речиси 12 часа преговори во Брисел, произлезе решение Грција да добие дополнителни 10.3 милијарди евра помош од меѓународните кредитори за исплата на своите долгови. Првата транша од 7.5 милијарди евра, Грција би можела да ја добие уште во втората половина на јуни.

Министрите за финансии од еврозоната се договорија за олеснување на грчкиот долг, продолжувајќи го рокот на отплата и намалувајќи ги каматните стапки.

Грчката влада на своите доверители им должи повеќе од 300 милијарди евра – околу 180 отсто од нејзиното годишно економско производство (БДП). Според Меѓународниот монетарен фонд, олеснувањето на долгот е од суштинско значење.

Според најновиот договор, на Грција не и е намален износот што ќе мора да го отплати. Наместо тоа, олеснувањето на долгот ќе се остварува постепено од 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП