4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на живородени деца и починати лица во првиот квартал

Намален бројот на живородени деца и починати лица во првиот квартал

img_bebe7

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2016 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0.8 % и изнесува 5 537 живородени деца.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2016 година бележи намалување од 7.0 % во споредба со истото тримесечје од 2015 година и изнесува 5 495 лицa, а од нив 61 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 42 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 12.1 % во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 2 760 бракови.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување од 20.5% во споредба со истиот период од 2015 година и нивниот број изнесува 664.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП