20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиските цени на нафтата „јадат“ уште 2.200 работни места во Shell

Ниските цени на нафтата „јадат“ уште 2.200 работни места во Shell

shell 309

Нафтената компанија „Royal Dutch Shell Plc“ најави дека ќе отпушти уште 2.200 работни места, со што нивниот вкупен број за периодот 2015-2016 година се зголемува до 12.500, пренесе „Bloomberg“.

Компанијата соопшти дека ќе бидат погодени 475 лица вработени во истражување и екстракција во Велика Британија и Ирска.

Најмалку 5 илјади работници ќе бидат отпуштени оваа година, објави компанијата во соопштението до медиумите.

„Shell“ го аргументира потегот со потребата да остане конкурентна во периодот на ниски цени на „црното злато“.

„Ова се тешки времиња за нашата индустрија и бевме принудени да превземени уште потешки одлуки за да ги направиме, па така што „Shell“ ќе остане конкурентна во сегашниот подолг пад“, вели Пол Гудфелоу, потпретседател на компанијата за Велика Британија и Ирска, во официјалното соопштение.

Вестите за нови отпуштања доаѓаат покрај обновувањето на цените на нафтата, кои се зголемија за 80% од јануари. Цените остануваат половина пониски во однос на нивото од пред две години, што се одрази на профитот на компаниите од овој сектор, а нивните долгови се зголемија, додека кредитните рејтинзи беа намалени. За да се спротивстават на падот, компаниите откажаа или замрзнаа проектите вредни милијарди долари, променија односите со добавувачите и намалија илјадници работни места.

Приспособената нето добивка на „Shell“ се намали за 58% до 1,6 милијарди долари во првиот квартал. Компанијата ја купи „BG Group“ за 54 милијарди долари оваа година, за да добие пристап до нафтени и гасни резерви од Австралија до Бразил. Зделката ги зголеми долговите и до 70 милијарди долари и го зголеми соодносот на нето долговите со капиталот до над 26%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП