30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаградени најдобрите воспитувачки и негувателки во градинките во општина Центар

Наградени најдобрите воспитувачки и негувателки во градинките во општина Центар

жерно-воспитувачки

Дваесет и две воспитувачки и негувателки од градинките во општина Центар, денеска беа наградени како најдобри, најпосветени и најодговорни во својата работа.

„Вашата работа е исклучително битна. Вие од корен го создавате нашето образование. Основата на нашиот карактер и однесување се стекнува во градинките. Општеството доволно  не ја вреднува оваа одговорна работа“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Тој потсети дека Општина Центар изгради нова, современа градинка со сопствени средства во Капиштец, извршена е реконструкција на градинките каде што тоа беше неопходно, и најави целосна обнова на градинката „Пепелашка“.

Жерновски соопшти дека од идната година општина Центар ќе го вреднува и наградува трудот и на целиот персонал во градинките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП