2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на цените на акциите на Волстрит

Скок на цените на акциите на Волстрит

wall stre 33

Цените на акциите на Волстрит во вторник скокнаа за повеќе од еден отсто, а најмногу во банкарскиот сектор бидејќи се очекува Федералните резерви (Фед) наскоро да ги зголемат каматните стапки.

Dow Jones скокна 1,22 отсто на 17.706 бодови, S&P 500 порасна 1,37 отсто на 2.076 поени, а Nasdaq два отсто на 4.861 бод.

Од сите десет сектори на S&P 500 индексите цените на акциите пораснале, а најмногу 1,4 отсто во банкарскиот, што е благодарение на очекувањата дека американската централна банка наскоро ќе ги зголеми клучните каматни стапки, што на финансискиот сектор му оди во прилог.

Претставници на Фед последните денови сигнализираат дека зголемувањето на каматите е можно уште во јуни или јули, што ги држеше претпазливи инвеститорите, со оглед дека рекордно ниските камати уште од финансиската криза во 2008 година цело време поддржуваа раст на цените на акциите.

Понатамошно зголемување на каматите на Фед, по она во декември минатата година, би ја намалило ликвидноста на пазарот и би довело до пад на цените на акциите.

Но аналитичарите велат дека инвеститорите се помириле со можноста од зголемување на каматите и веруваат дека тоа би било постапно.

„Пазарот почнува да ја прифаќа идејата дека зголемувањето на каматата е можно и дека тоа само по себе не мора да биде лошо“, вели стратегот во U.S. Bank Wealth Management, Бил Мерц.

Покрај банкарскиот сектор, голем раст на цените на акциите е забележан и во технолошкиот сектор, при што меѓу најголемите добитници се најде акцијата на Microsoft, со скок од 3,1 отсто.

Инвеститорите се охрабрени и од податоците за силниот раст на продажбата на куќи, на највисоко ниво во последните осум години, при што цените достигнаа рекордни нивоа, што е уште еден показател на закрепнувањето на американската економија по забавувањето на растот во првото тромесечје.

Позитивно на пазарот влијаеше и растот на цените на нафтата, по поголемо од очекуваното намалување на резервите на нафта во САД минатата недела.

И на европските берзи цените на акциите во вторник забележа раст. Лондонски FTSE индекс зајакна 1,35 отсто на 6.219 бодови, додека франкфуртски DAX скокна 2,18 отсто на 10.057 поени, а париски CAC 2,46 отсто, на 4431 бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП