10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 11 милиони евра европски пари за прекугранична соработка

Над 11 милиони евра европски пари за прекугранична соработка

euro07

Над 11 милиони евра стојат на располагање на Македонија од ЕУ фондовите наменети за прекугранична соработка. Цел на програмата е да го зголеми капацитетот на локалните и на регионалните власти во развојот и спроведувањето заеднички проекти во прекуграничниот регион, а средствата може да се користат за економски, културен развој, социјална кохезија, за подобрување на квалитетот на живот…

Во рамки на прекуграничната соработка со Грција  планирани се 3.400.000 евра од кои 1.500.000 се за прекуграничен економски развој, а 1.900.000 евра се за заштита на природно и културно наследство. Повикот за искористување на овие средства се очекува да се објави. Средствата за прекуграничната соработка со Албанија во износ од 1.530.000 евра со одлука на Делегацијата во Македонија се прераспределени за користење во рамки на компонентата Транзициска помош и институционална надградба за финансирање стратешки проекти во Република Македонија. За проекти во програмата за прекугранична соработка со Бугарија се очекува потпишување договори во вредност од 7.511.494 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП