18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе разговара со панамските власти околу скандалот со затајувачите на данок

ЕУ ќе разговара со панамските власти околу скандалот со затајувачите на данок

panama papers 333

Претставници на Европската унија (ЕУ) ќе разговараат со панамските власти во врска со светскиот скандал околу затајувањето данок, што ЕУ годишно ја чини неколку десетици милијарди евра, соопштено е во Брисел.

Состанокот го иницирала Амбасадата на Панама, изјави портпаролот на Унијата Ванеса Мок, и додаде дека ЕУ ги планирала разговорите со панамските власти бидејќи европските земји се наоѓаат на списокот на „панамските документи“ што протекоа во јавноста.

ЕУ процени дека годишно од затајување на данок губи близу 70 милијарди евра.

Многу политички лидери, истакнати личности, како и неколку десетици милијардери се наоѓаат на списокот на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, кој врз основа на објавените документи од панамската компанија Mossack Fonseca спроведе истрага за оф шор работењето на светската елита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП