22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАД-р Зоран Нарашанов избран за нов Претседател на Европската бизнис асоцијација

Д-р Зоран Нарашанов избран за нов Претседател на Европската бизнис асоцијација

biznis asocijacija

Eвропската бизнис асоцијација на 20 Мај 2016 го одржа своето редовно Годишно Собрание, на кое членовите на ЕБА одлучуваа и расправаа по повеќе точки меѓу кои усвојување на ревизорскиот Извештај за 2015, усвојување на Извештајот за работење за минатата година, усвојување на буџетот и планот за работа за наредната година.

Главна точка на овогодинешното Собрание беше изборот на Претседател на ЕБА и неизвршни членови на Одборот на директори на ЕБА.

Со едногласна Одлука на членовите на ЕБА за нов Претседател на асоцијацијата беше избран г-дин Зоран Нарашанов, Главен извршен директор на Винер Осигурување. Покрај постојните, како нови членови на Одборот на директори на ЕБА беа избрани и г-дин Гоце Вангеловски од Кроација Осигурување и г-дин Арбен Абдурахмани од компаниjата Везе Шари.

Г-дин Нарашанов зад себе има големо искуство на раководни позиции. Својата кариера ја гради работејќи и раководејќи широк спектар на проекти во рамките на Програмата за развој при Обединетите Нации и Светската Банка, и извршувајќи највисоки раководни функции во Кјуби и АД Македонски Телекомуникации. На чело на Винер Осигурување, д-р Нарашанов е 8 години, време за кое компанијата под негово раководство повеќекратно гои зголеми пазарниот удел, профитот и бројот на вработени.

Инаку, Европската Бизнис Асоцијација (ЕБА) е независна и непрофитна бизнис заедница составена од европски претпријатија и поединци кои работат во земјата, од домашните претпријатија и поединци кои работат со ЕУ, како и невладини организации кои имаат интерес во промовирањето на економијата во земјата и социјалниот развој, како и негување на односите на земјата со ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП