28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрсовска-Томовска ја претстави Македонија на меѓународна конференција во Дубаи

Арсовска-Томовска ја претстави Македонија на меѓународна конференција во Дубаи

arso-tomo

Mинистеката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска изминатиов викенд присуствуваше на меѓународната конференција „Паметни влади и паметни градови” која се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати чија цел беше размена на искуства за стратегии и проекти поврзани со современите концепти на електронско работење на јавните институции, односно како користењето на информациско-комуникациските технологии може да ги унапреди услугите кои ги обезбедуваат властите на централно и локално ниво кон граѓаните и бизнис секторот.

Министерката Арсовска Томовска, заедно со словенечкиот вицепремиер и министер за јавна администрација, Борис Копривникар ја отворија конференцијата со воведни излагања. Притоа, Арсовска Томовска во своето воведно излагање ги презентирала стратешките приоритети, како и реализираните и планираните проекти во Република Македонија поврзани со електронското работење на јавните институции и тоа проектот интероперабилност, е-влада, е-здравство, е-набавки, е-даноци, е-катастар, е-царина, е-регистрација на фирми и други е-проекти.

Присутните го поздравиле напредокот на Македонија во оваа област и покажаа интерес за продлабочување на соработката преку размена на материјали и реализација на студиски посети со цел подетално запознавање со реализираните проекти.

Државната компанија „Алровадс“, која ги имплементира државните ИКТ проекти на Владата на Обединетите Арапски Емирати покажа особен интерес за проектите Мој термин и е-набавки и беше договорена тесна соработка во следниот период.

На маргините на конференцијата, Арсовска-Томовска одржа работен состанок со г-ѓата Самиа Мелем од Светска банка од Вашингтон, за плановите на Република Македонија во однос на развојот на информатичкото општество и поддршката која Светската Банка ќе ја обезбеди на ова поле во следниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП