2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel влегува во трката за купување на Vogue International

Henkel влегува во трката за купување на Vogue International

henkel 933

Германскиот производител на стока за широка потрошувачка „Henkel“ ќе интервенира во наддавање за производителот на шампоните со брендот „Vogue International LLC“, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на свои извори.

Компанијата со седиште во Дизелдорф поднела во рамките на првиот круг на наддавање предлог за американскиот производител со седиште во Орландо, Флорида. Тоа го направиле и конкурентите „Unilever“, „L’Oreal“ и неколку други компании, пренесува уште агенцијата.

Според аналитичарите, прифатената понуда за „Vogue“ би можела да биде од 2,5 до 3 милијарди долари.

„Vogue“ има годишен профит пред камати, даноци, депресијација и амортизација од околу 150 милиони долари, додека во 2013-та година таа изнесувала околу 80 милиони долари.

Марките на шампоните на „Unilever“ ги вклучуваат „Dove“, „Suave“ и „TRESemmé“, а „L’Oréal“ ги продава производи за коса преку истоимениот бренд.

„Vogue“ беше вмешана во 2013-та година во тужба, при што беше обвинета дека потрошувачите ги принудувала да мислат дека нејзините шампони и производи за лична хигиена „Organix“ се целосно органски. Фирмата плати 6,5 милиони долари во Фонд за надоместување на корисниците и беше принудена да го промени името на својот бренд на „OGX“.

Минатата година „Henkel“ се обиде да стекне друг производител на шампони – „Wella“, но американскиот конкурент „Procter & Gamble“, кој го држеше брендот, претпочита за нов сопственик да биде производителот на парфемите „Coty“, кој предложи 12,5 милијарди долари.

Пред неколку дена „Henkel“ забележа повисоки резултати од очекувањата на аналитичарите за првиот квартал, откако намалувањето на трошоците на бизнис за производство на прашокот за перење „Persil“ и лепилото „Loctite“ даваат силен старт на новиот извршен директор Ханс ван Билен, кој ја презеде функцијата, откако во почетокот на годината најголемиот европски производител на спортски стока „Adidas“ го „украде“ Извршниот директор на производителот на стока за широка потрошувачка „Henkel“, Каспер Рорстед. Приспособениот профит пред каматите и даноците се зголемил за 6,2% до 751 милиони евра во првото тримесечје до крајот на март.

53-годишниот Данец Рорстед кој се збогуваше со „Henkel“ во април, ќе стане член на одборот на „Adidas“ од 1-ви август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП