27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо прекуграничната програма со Албанија во тек е потпишување на 19 договори

Во прекуграничната програма со Албанија во тек е потпишување на 19 договори

tirana-skenderbeg

За проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија објавени се три повика. Со првиот се поддржани 14 организации во вредност од 571.270 евра. Со вториот повик, поддршка добиле осум организации во износ од 662.447 евра, а со третиот повик објавен на 9 ноември 2011 година на располагање биле 4.995.000 евра од кои за Македонија 2.700.000 евра. Се очекува од овие средства да бидат поддржани 19 проекти, за кои во тек е процесот на потпишување на договорите. Најзастапени корисници на грантови во рамки на оваа програма се невладините организации, како и општина Битола, Стопанска комора на северозападна Македонија. Во рамки на третиот повик се очекува да бидат потпишани два нови договора со општините Брвеница и Дебар.

Со средствата поддржани се проекти за превенција и попреченост, социјална интеграција на ранливи групи граѓани, основање прекугранично партнерство преку активности луѓе-за-луѓе, бизнис без граници, работење во селото, инвестирање во иднината, кредирање патеки за можности за вработувње во пограничниот регион, алтернативен туризам, промоција на жени петприемачи….

Македонија од програмата за прекугранична соработка со Бугарија досега искористила 12.597.364 евра, со кои се поддржани 29 проекти. Меѓу корисниците се Општините Ранковце, Ново Село, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион – Струмица, Граѓанската асоцијација Хендикеп, Центар за развој на Источен регион, Организација на жени Штип, општина Кратово, Универзитет „Гоце Делчев“, општина Крива Паланка, Центарот за развој на на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Куманово, општина Штип…

Поддржани се проекти за рехабилитација на инфраструктурата за заштита на средината и безбедност од пожари, зголемување на културни капацитети, заеднички информативно услужни центри, подобрување на квалитетот на живот и туристичкиот интерес, мрежно поврзување на малите и средните претпријатија, креирање можности за бизнис во областа на туризмот…

Програмата за прекугранична соработка со Бугарија почна во 2007 година, а со Албанија 2009.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП